ПРОИЗВОДСТВО

Современа технологија со пет амбалажа и капацитет од 30.000 литри на час... >>
 

ФАКТИ ЗА ВОДАТА

Природата ви дарува живот-Кожувчанка е директно од природата, свежината на Кожувчанка... >>
 

ЗДРАВЈЕ И КВАЛИТЕТ

Магнезиум калциумова минерална вода која во себе содржи богатство од минерали... >>

English Language

Извор / Карактеристики

Планинска минерална вода од еколошки чиста средина

Кожувчанка е планинска минерална вода од висока А класа полнета со природен CO2. Извира на југ од Македонија поточно во село Мрежичко од длабочините на Кожув планина. Далеку од урбаните загадувачи, извира од чиста и еколошка средина.
Изворот на минералната вода Кожувчанка е на надморска височина од 900 метри, а минералната вода извира од длабочина од 85 метри, носејќи со себе богатство од минерали кои се во идеален и постојан состав.
Од изворот до производствениот капацитет доаѓа во затворен цевоводен систем кој сам по себе гарантира висок квалитет, без можност за надворешни атмосферски и бактериолошки загадувања, користејќи ја силата на гравитацијата овозможена од висинската разлика.

Изворот е познат уште од римско време

Изворот од каде што се експлотира минералната вода “Кожувчанка” е познат уште од римско време. Уште од тоа далечно време луѓе доаѓале од различни краишта на Кожув планина за да ги почуствуваат благодетите и лековитоста на оваа минерална вода

Карактеристики

Кожувчанка во основа е магнезиум калциумова минерална вода но во себе содржи и богатство од минерали кои се во идеален сооднос што ја прават единствена по квалитет. Кожувчанка е бистра, чиста, лесна, питка минерална вода од висока А класа со постојан и идеален сооднос на минералите. Минералната вода Кожувчанка со овие квалитети и со современиот начин на производство ги задоволува и најновите светски стандарди.
Затоа Кожувчанка е застапена и на светскиот пазар. Капацитетот и квалитетот на изворот Кожувчанка е дар од природата но за да го почуствуваме тоа сите ние огромна заслуга има менаџерскиот тим на Кожувчанка.