Планинска минерална вода од еколошки чиста средина
Во Срцето на Балканскиот Полуостров на југот на Македонија, каде се пресретнуваат медитеранската и континенталната клима се наоѓа Кожув Планинна, единствена по својата убавина, живописна со безброј можности, тоа е најубавата планина во Македонија.
На надморска височина од 900 метри се наоѓа село Мрежичко каде што извира најубавата минерална вода Кожувчанка. Самиот извор на кисела вода е познат уште од Римско време, кога луѓето од различни краишта доаѓале да ги почувствуваат благодетите на минералната вода од овој извор што потврдува дека овој извор има огромна традиција.